Луфтханза ги откажа скоро речиси сите летови

Од:

Патниците на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре повторно ќе бидат ставени на проба на нервите, јавува Дојче Влеле.

Синдикатот Верди закажа штрајк на голем број од вработените.

Како што најави синоќа германската воздухопловна компанија „Луфтханза“, утре ќе бидат откажани речиси сите летови на кратките и средните релации поради штрајкот на персоналот на земјата и на екипажите на авионите. Погодени се аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Минхен, Штутгарт, Хановер, Диселдорф и Келн.

„Поради најавениот предупредувачки штрајк во понеделник 22-ри април, речиси сите летови на Луфтханза во Германија и Европа ќе бидат откажани. Вкупно, од 1.650 летови на кратките релации се предвидува дека ќе има дваесетина“, се наведува во соопштението на компанијата.

Од „Луфтханза“ предупредуваат дека и некои интерконтинентални летови ќе бидат погодени од штрајкот.

Од меѓународниот аеродром во Франкфурт ќе бидат извршени само 6 од 50 интерконтинентални летови, од Минхен три од 17, додека од Диселдорф ќе бидат извршени три интерконтинентални лета, колку што и се предвидени.

Синдикатот на вработените во секторот на услугите Верди побара зголемување на платите од 5,2 отсто во следните 12 месеци за околу 33 илјади вработени на „Луфтханза“ во Германија, како и гаранции за работните места.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите