Ќе штрајкуваат израелските авиокомпании

Од:

Израелските авиокомпании, заедно со синдикалното здружение Хистадрут, денеска во 5 часот по локално време почнуваат штрајк без опрделен рок на траење, инсистирајќи на тоа да не дојде до отворање на пазарот за воздушен транспорт за европските компании, пренесоа руските медиуми.
Главното барање на штрајкувачите е владата да го симне од дневен ред прашањето за утврдување на спогодбата „Отворено небо со ЕУ“.

Договорот денеска требаше да биде ставен на разгледување во кабинетот на министерот за транспорт Исраел Кац.

Документот предвидува етапно повлекување на ограничувањата за взаемни летови, што, според националните компании, ќе ги стави во неповолни услови во однос на европските конкуренти.

Лидерот на Хистадрут, Офер Ејни, синоќа испрати отворено писмо до премиерот Бенјамин Нетанјаху во кое го повика да не донесува одлука за договорот без детално разгледување и врз основа на нецелосна и лажлна информација.

Премиерот и натаму молчи за прашањето, но министерот Кац ја потврди својата намера текстот на договорот да го поднесе на потврда во владата.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег