Во Албанија и во 2012 година имало помалку новороденчиња

Од:

Институтот за статистика на Албанија потврди дека трендот на помалку новороденчиња бич регистриран и во 2012 година, јавува дописникот на МИА од Тирана.

Споредено со претходната година, бројот на новородените е помал за 150 бебиња.

Во последните години во просек регистрирани се 35.000 раѓања годишно, што е за двапати помалку споредено со седумдесетите години од минатиот век. Причина за тоа се повисокото ниво на здравствената свест кај албанската жена, се почестата определба на брачните другари да градат кариера, невработеноста и бесперспективноста на младите, поради што не се одлучуваат на брак или брак со деца, а секако и миграцијата која се уште е присутна во земјата,забележуваат албанските медиуми.

Според медиумите од 3,3 деца колку што изнесувал просекот во периодот 1993-95 година, просекот на новородени во периодот 2006-2008 е 1,6 дете, а во последните години и 1,3 дете.

Употребата на контрацептивни средства од осум проценти во 2002 година минатата година се зголемила на 15 проценти. Во овој период за неколку пати е зголемен и бројот на абортуси.

Дека популацијата е намалена потврдуваат и резултатите од пописот спроведен во октомври 2011 година. Тие покажуваат дека бројот на населението на Албанија од пописот во 2001 се намалило за 7,7 отсто, а тоа значи дека населението на Албанија е намалено од 3.069.275 во 2001 на 2.831.741 жители.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски