Експлозии ги нарушија првите локални избори во Ирак по повлекувањето на САД

Од:

Десетина мали бомби и минофрлачки гранати експлодираа денеска во близина на избирачките места во Ирак, повредувајќи најмалку четири лица за време на првите локални избори во земјата по повлекувањето на американските војници од земјата.

Во Ирак денеска се одржуваат локални избори.

Повикани да гласаат се жителите на 12 од 18-те ирачки провинции. Во сунитските провинции Анбар и Ниневија гласањето е одложено на неопределено време од безбедносни причини, а во Ирачки Курдистан општинските избори се закажани за септември.

Право на глас имаат 13,8 милиони лица. За 378 места во провинциските совети се борат 8.000 кандидати. Од нив 150 лица беа исклучени од списоците, најмногу заради врски со забранетата партија Баас. Во текот на последните месеци 13 кандидати беа убиени.

Поради изборите во Ирак воведени се зајакнати безбедносни мерки. Во двата дена пред гласањето во терористички напади во цела земја загинаа 40 лица, а најкрвавиот напад беше во кафуле во Багдад.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак