„Прекорот на кикотливците“ – книга од новата едиција „Магични приказни“

Од:

Во издание на Издaвачкиот центар „ТРИ“ од печат излезе книгата „Прекорот на Кикотливците“ од ирскиот автор Роди Дојл, во превод на Мирјана Буразер Китановска. Книгата е дел од новата едиција „Магични приказни“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Како што соопшти Издaвачкиот центар „ТРИ“, „Прекорот на Кикотливците“ е прониклив, мудар и забавен роман за сите возрасти.

Роди Дојл е ирски писател, драматург и сценарист. Автор е на единаесет романи за возрасни, осум романи за деца и седум театарски претстави и сценарија. Дејствата во неговите дела главно се одвиваат во Ирска, особено во работнички Даблин.

Стилот му е препознатлив по големата употреба на дијалози меѓу ликовите, напишани на сленг и ирско-англиски дијалект, со малку описи или експозиција. Темите што ги обработува разгледуваат од семејни и лични проблеми до поголеми прашања од ирската историја. Дојл ја доби Букеровата награда во 1993 година за својот роман „Педи Кларк ха-ха-ха“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска