Сарачини во Сарај ја презентираше владината програма за развој на општините

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска на градоначалникот на општина Сарај Беким Мурати му ја презентираше владината програма за развој на општините.

Со програмата на Владата за економски развој на општините, Сарачини појасни дека може да се реализираат многу проекти кои ќе го подобрат стандардот на живеење за жителите на Сарај и ќе отворат нови работни места.

– Сарај има многу добри услови за развој на земјоделството, енергетиката и туризмот и е идеално место за инвестиции. Се договоривме, градоначалникот на општина Сарај наскоро да покрене иницијатива за формирање на првата индустриска зона, која ќе донесе многу нови инвеститори, а со тоа и нови работни места и поголем економски развој, изјави Сарачини.

По средбата со градоначалникот, Сарачини ја посети месната индустрија „Ука комерц“, која е прва фабрика во земјава што има имплементирано Халал стандард.

– Веднаш по спроведување на стандардот Халал, „Ука Комерц“ го зголеми производството за 20 проценти, извозот до 15, додека бројот на работници за дури 20 отсто. Халал стандардот им отвори нови пазари за извоз, рече Сарачини.

Градоначалникот Мурати посочи дека општината има доволно земјиште, кое може да се отстапи во служба на домашни и странски инвеститори, а условите за бизнис се идеални.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница