25-годишниот Метју Томпсон, фан на НБА тимот на Чикаго Булс, одлучил да поднесе тужба против најголемата ѕвезда на екипата, Дерик Роуз, поради тоа што кошаркарот бил повреден во текот на целата сезона!
Роуз е виновен што не се опоравува доволно бргу, според критериумот на овој навивач.
Тој е разочаран со фактот што во сезоната 2012/2013 немал прилика да го гледа својот миленик, нешто кое кај него предизвкало „ментални проблеми, пореметувања и несигурност“.
Инаку, Дерик Роуз целата нтпреварувачка кампања се мачи со повреда на коленото, а одамна ги лечи лигаментите.
Во еден момент дури и неговата цела кариера беше до ведена во прашање.
Чикаго „Булс“ го зазеде петтото место во регуларниот дел од сезоната во источната конференција на НБА лигата, а во првата плеј-оф рунда, ќе се сретне со Бруклин Нетс.