Од АД „Водовод“ вечерва информираа дека жителите на скопските населби Жданец и Трнодол вечерва од 20:30 часот ќе останат без вода наместо како што беше првично најавено утре од 08:00 часот.
– Ве известуваме дека на ден 05.06.2020г. поради уличен дефект промена на затварач ф100мм на ул.Жданец бб ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на населба Жданец и Трнодолод 20:30 часот до санирање на дефектот, се вели во соопштението што попладнево е испратено до јавноста.