Проектот „Култура во време на корона“ во наредните три дена ќе се репризира за време на полицискиот час во Скопје.
Граѓаните, како што се наведува во соопштението на Град Скопје, ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од проектот „Култура во време на корона“. За време на полициски час, почнувајќи од денес, програмата ќе понуди разновидна програма – концерти на класична, поп, рок, алтернативна и електронска музика.
Натапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје – https://www.facebook.com/
Град Скопје, заедно со градските културни институции неодамна го спроведоа овој успешен проект којшто броеше над 50 настани, со настап на повеќе од 200 изведувачи, и над 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници балкони во осум различни општини во Скопје, се додава во соопштението.
Идејата на јавниот повик за оваа програма, покрај можноста граѓаните да уживаат во онлајн изведбите додека седат дома, беше и невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период да добијат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари од страна на Град Скопје, се вели во соопштението.