Кауција од милион долари за тројцата полицајци од Минеаполис кои помагаа во убиството на Флојд

Од:

Судот во Минеаполис одреди кауција од еден милион американски долари за тројцата полицајци од овој град, кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина откако нивниот колега Дик Шовин речиси девет минути му клечеше на вратот.

Казната за тројцата полицајци, кои вчера за првпат се појавија пред судот, ќе може да се намали на 750.000 долари, но под одредени услови, вклучувајќи го и губењето на правото за носење какво било лично оружје, пренесуваат британските медиуми.

Следното рочиште судијата го закажа за 29 јуни.

Откако вчера се појави наодот од обдукцијата на Флојд, според кој тој починал од срцев удар, Томас Лејн, Александар Куенг и Ту Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиство од втор степен и убиство од небрежност од втор степен.

Доколку бидат осудени, на тројцата им се закануваат казни од 40 години затвор.

Шoвин, полицаецот кој клечеше врз вратот на Флојд пред да умре, е обвинет за убиство од втор степен и ќе се појави на суд во понеделник.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Жарко Настоски

Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Ана Ололовска

Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Жарко Настоски