Гувернерот на Њујорк ги повика демонстрантите да се тестираат

Од:

Илјадниците луѓе кои протестираат против смртта на Џорџ Флојд имаат „граѓанска должност“ да се тестираат за коронавирусот и да му помогнат на Њујорк да избегне скок на бројот на нови случаи, изјави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

Се зголемува стравот дека неколкудневните протести во САД, со голем број демонстранти кои понекогаш немаа заштитни маски на лицето, може да доведат до зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, пишуваат американските медиуми.

– Ако бевте на протестот, дојдете на тестирање, ве молам. Демонстрантите имаат и за ова граѓанска должност. Бидете одговорни, тестирајте се, рече Куомо на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката