Протест на поддржувачите на Саакашвили во Грузија

Од:

Повеќе од 10.000 приврзаници на грузискиот претседател Михаил Саакашвили излегоа денеска на улиците на Тбилиси, што е прв масовен собир од поразот на неговата партија на парламентарните избори минатата година.

Мавтајќи со знамиња на Грузија и на ЕУ и извикувајќи го името на Саакашвили, поддржувачите на неговата Обединето Национално движење се собраа на главната авенија Руставели, каде што нивниот лидер одржа говор.

– Дојдовме тука за да го одбраниме нашето достоинство и татковината. Јас ќе се борам за вас се додека сум жив! – им порача Саакашвили на толпата што неговите зборови ги поздрави со аплауз.

334132_gruzija-demonstracije-2ap_ff

– Сакам да и порачам на владата дека: ќе застанеме до вас кога го правите она што е добро-среќни сте што имате опозиција која ја сака својата земја, но нема да ви дозволиме да ја издадете нашата земја – рече Саакашвили.

По изборите во октомври 2012 годината, во која коалицијата грузиски сон на премиерот Бидзина Иванишвили ја порази партијата на Саакашвили, односите меѓу двајцата лидери беа напнати.

Саакашвили го обвини Иванишвили дека ги поништил неговите демократски реформи и дека земјата – која има аспирации за влез во НАТО и Европската унија, се оддалечи од про-европскиот пат. Иванишвили ги негираше сите обвинувања.

Тие двајца мора да ја делат власта се до истекот на вториот и последен мандат на Саакашвили во октомври оваа година.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он