Министерството за животна средина ќе прави Студија за валоризација на Охридско Езеро

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина со нова активност на изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-План за управување со идниот Национален парк Шар Планина, како резултат на одобрениот грант од страна на IUCN.

Проектот ги следи определбите и континуираните активности на МЖСПП, за валоризација или ревалоризација на природните вредности на заштитени подрачја во согласност со Законот за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност за период (2018-2023) во правец на постигнување на поставените цели за зголемување на процентот на заштитените подрачја на целата територија на државата.

Активностите се во рамки на тековниот ГЕФ/УНЕП проект:”Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето” (СТАР 5).

Проектот ќе биде спроведен од страна Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) во соработка со МЖСПП и УНЕП, а со учество на меѓународни и национални експерти. IUCN ќе ги примени најдобрите меѓународни стандарди за заштитени подрачја, вклучувајќи ги и сопствените упатства за најдобри практики.

Со изработката на Студијата за валоризација на Охридско Езеро, се овозможува МЖСПП да отпочне со постапка за ре-прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата.

Нацрт-Планот за управување со Шар Планина ќе биде изготвен врз основа на податоците од Студија за валоризација на Шар Планина (2020), која исто така беше изготвена со финансиски помош од ГЕФ/ УНЕП.

Со изработката на плановите за управување за двете подрачје ќе се помогне на идните тела за управување на заштитените подрачја за обезбедување на ефикасно управување со заштитените подрачја и исполнување на одредбите од националната и меѓународната легислатива за заштита на природата, како и испонување на барањата на ЕУ директивите за живеалишта и птици.

Преку изработката на трите документи ќе се овозможи имплементација на активностите предвидени во Годишната Програма за заштита на природата за 2020 година на МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски