Најмалку 39 повредени во судирите во Каиро

Од:

Најмалку 39 лица се повредени денеска во судир на опозициските активисти и илјадници исламисти кои протестираа пред Врховниот суд во центарот на Каиро, барајќи реформи во судството, изјави официјален претставник.

Судирите избувнаа на плоштадот Абдел Монеим и на мостот 6 октомври, кој поминува над плоштадот по преминувањето на реката Нил. Исламистите од мостот фрлаа камења на опозиционерите кои беа под него, вклучувајќи ги и маскираните припадници на т.н. Црн блок.

334069_kairo-antivladine-demonstracije-3ap_ff

Дописникот на АФП објави дека некои членови на Црниот блок пукале на луѓето на мостот, со оружје со мал калибар ранувајќи двајца. Опозициските активисти запалија празен автобус во кој исламистите дојдоа да протестираат.

Директорот на египетската брза Мухамед Султан рече дека најмалку 39 луѓе се хоспитализирани.
Еден час по избувнување на конфликтот пристигнаа три оклопни полициски возила и почнаа да фрлаат солзавец.

Исламистите бараа радикална реформа на судството, откако судот се спротивстави на одлуката на исламистичкиот претседател Мохамед Морси да го смени државниот обвинител кој е ветеран на таа работа.

“Граѓаните бараат правосудството да се исчисти”, извикуваа демонстрантите.

Партијата на Морси, Муслиманско братство беше организатор на протестите пред Врховниот суд, кој во неколку наврати ги оспоруваше одлуките на Морси од неговото доаѓање на власт во јуни минатата година.

Судот минатиот месец го поништи контроверзниот декрет на Морси со кој го смени државниот обвинител Абдел Мегид Махмуд, а за нов обвинител го назначи Талат Абдалах. Судот утврдил дека Морси ги пречекорил овластувањата кога го сменил Махмуд.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина