Кошаркарите на Куманово со 85-76 се поразени во полуфиналето на завршниот фајнлфор турнир во Балканската БИБЛ лига, што се одржува во Самоков, од бранителот на тронот Галил Гилбоа.
Кумановчани немаа сили да го довладаат израелскиот противник и да направат големо изненадување.
Галил Гилбоа ги доби првите три четвртини и сосема заслужено славеше против ослабениот тим на Куманово, кој настапи без повредениот македонски репрезентативец Димчевски. Кумановчани единствено успеаја да дојдат до дефицит од -5 поени во средината на последната четвртина, но тоа беше се што успеаја да направат.
Александар Костовски беше најефикасен на полуфиналната средба со 29 поени, додека по 14 поени придодадоа Луковиќ и Ли. Кај победникот Грин постигна 19 поени и 10 скока.
За одбрана на титулата во регионалното натпреварување Галил Гилбоа во финалето ќе игра против подобриот од бугарската пресметка меѓу Левски и Рилски.