Амбасадата на САД го поздрави мирниот избор на новата косовска Влада

Од:

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово го поздрави денешното изгласувањето на новата влада, која ќе ја води Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово.

Во соопштението на Амбасадата им се честита на косовските субјекти за мирниот тек на седницата и изборот на новата Влада.

– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Владата на Хоти за продолжување на значајните работи за мирот, правдата и просперитетот, вклучително јакнењето на регионалните односи и борбата против Ковид-19, се наведува во соопштението од Амбасадата на САД.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина