„Донесувањето на ДУП-от за Градска четврт З 04, Блок 02, за кој е во тек јавната анкета, треба да се преиспита, бидејќи не е јасно дали го почитува членот 20 од Законот за урбано зеленило што бара примена на минимум 20% зеленило на градежна парцела.
ДУП-от опфаќа 7 градежни парцели, од кои повеќето се веќе изградени, а согласно планската документација, зеленило се предвидува на само 0,27 хектари (или 2658 м2), односно на само 9,02% од урбаниот опфат. Притоа не се дава прецизна информација за застапеноста на урбано зеленило на ниво на градежна парцела, што пак го бара Законот за урбано зеленило“, велат од ДОМ.
Од партијата ДОМ апелираат до сите општини, при носењето ДУП-ови да го почитуваат Законот за урбано зеленило.
„Изработувачите на урбанистички планови и стручните тела во општините, доследно да ги применуваат одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото.
Така ќе се овозможи “зазеленување” на урбанизмот, намалување на аерозагадувањето и климатските промени и поздрав и поквалитетен живот на граѓаните“, велат од ДОМ.