Нов процес против Фатмир Лимај и деветмина поранешни членови на ОВК за воени злосторства

Од:

Поранешниот командант на косовските албански бунтовници Фатмир Лимај и деветмина поранешни членове на расформираната Армија за ослободување на Косово (ОВК) се изјаснија за невини по обвинението за воени злосторства за време на војната во Косово (1998-1999) во рамки на новиот судски процес против нив, соопштија француските медиуми.

На вчерашниот судски претрес од новиот процес, Фатмир Лимај и другите деветмина судени ги отфрлија обвиненијата, покренати од италијанскиот обвинител Маурицио Салустро.

Тие се обвинети дека мачеле и убиле српски и албански цивили во Центарот за приведување во селото Клечка, во централно Косово.

Лимај, кој сега е пратеник на владечаката Демократска партија на Косово на премиерот Хашим Тачи, за време на војната бил командант на Центарот за приведување во Клечка.

Наредба за почнување нов процес под водство на британскиот судија Малколм Симонс, беше издадена во ноември од страна на Врховниот суд на Косово, кој ја укина судската одлука во прва инстанца, донесена од судот на ЕУЛЕКС, со која Лимај и другите девет обвинети беа ослободени.

Ослободителната пресуда беше донесена откако судот го отфрли сведочењето на поранешниот чувар од кампот во Клечка, Агим Зогај, кој бил очевидец на извршените злосторства и ги опишал во својот воен дневник.

Зогај беше најден мртов во септември 2011 година во Германија, еден месец пред почетокот на процесот во прва инстанца. Германската полиција заклучи дека станува збор за самоубиство.

Врховниот суд на Косово одлучи дека сведоштвото на покојниот Зогај може да се прифати пред судот во рамки на нов процес. Ова е прв случај кога поранешен командант на ОВК е суден за воени злосторства во Косово.

Би можело да ве интересира

Поранешен припадник на ОВК уапсен во Македонија по потерница од Србија, косовското МНР бара негово ослободување

Горан Наумовски

Командантите Соколи, Ризај, Шеху и Малишева се предале на полицијата

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Министерот Џафери на церемонија во чест на пет загинати припадници на ОНА

Ана Ололовска

Во штипскиот затвор пронајден мртов киднаперот на четворица Македонци од конфликтот

Ана Ололовска