Демонстрантите во САД украдоа часовници „Ролекс“ во вредност од 2.3 милиони долари

Од:

Повеќе елитни локации во Њујорк настрадаа откако се увиде дека протестите против полициското самоволие се параван за дел од злонамерниците да уништуваат приватна сопственост и да крадат од полиците на продавниците.

Така, на протестите изминативе вечери во Њујорк, бутиците на „Шанел” или „Долче & Габана”, продавниците на „Епл”, „Ролeкс” и други елитни брендови, беа целосно ограбени и демолирани.

Изданието Њујорк пост, дознава дека од продавница за часовниците „Ролекс” во кварталот Сохо, се украдени часовници во вредност од 2.3 милиони долари.

Властите во Њујорк изјавија дека протестите се злоупотребени од „надворешни“ агитатори поврзани со анархистички групи за да вршат грабежи и да поттикнуваат насилство меѓу полицијата и демонстрантите.

Само во градот Њујорк досега се упасени околу 300 осомничени лица, а синоќа се дозна дека во шопинг центар едно лице било наводно застрелано.

Во протестите кои изминатите денови ја потресоа Америка, како реакција на убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник минатата недела во Минеаполис, низ целата земја досега се упасени околу 5.600 лица.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина