„Анонимус“ сакаат да ги разоткријат сите злосторствата на полицијата

Од:

Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд ја поттикна хакерската група „Анонимус“ повторно да се активира и вети дека ќе открие бројни злосторства извршени од полицијата во Минеаполис.

Групата, која е позната по таргетирање и кибер напади, се смири во последните години, но по последните настани во САД и масовните протести, одлучи да „излезе од сенка“, јави Би-Би-Си.

Во врска со протестите кои се одговор на убиството на Џорџ Флојд, „Анонимус“ извршија разни форми на кибер напади, а еден од нив најверојатно е нападот на сајтот на полицијата на Минеаполис, кој беше соборен во текот на викендот.

Групата „Анонимус“ е позната по тоа што нема лидер и во неа членуваат голем број на лица кои имаат различни приоритети, но заеднички цели им се оние за кои сметаат дека ја злоупотребуваат својата моќ и ги напаѓаат со уривање на нивните сајтови или им го исклучуваат интернетот.

Тие носат карактеристични маски со ликот на Гај Фокс, кој стана познат после романот на Ален Мур „В за Вендета“, во кој револуционерот анархист става маска за да ја собори корумпираната влада

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски