Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Крушево до селото Пуста Река, проект финансиран и имплементиран од Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Крушево.
Фирмата изведувач започна со гребење на асфалтот, а во текот на оваа недела се очекува асфалтирање. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, патот се реконструира по 45 години.
– Овој проект е еден од многуте кои ги имплементираме на целата територија на Крушево и со тоа покажуваме дека работиме во секој дел од Општината. Работиме во градот и сме имплементирале активности и проекти во сите села, вели Христоски.