Затворени државните институции во повеќе градови во Калифорнија

Од:

Во Калифорнија од денеска е во сила директива за затворање на канцелариите на сите државни и градски институции, почнувајќи од тие за регистрација на возила, па се до канцелариите за издавање работни дозволи или за давање здравствена заштита.

Според писмото-директива од Министерството за правда, ќе бидат затворени канцелариите на државните обвинители во Сакраменто, Оукланд, Сан Франциско, Лос Анџелес и Сан Диего, а вработените кои можат пожелно е да работат од дома.

-По консултациите со службите за автопатишта во Калифорнија и службите за итни случаи, донесена е одлука од денеска да се затворат сите државни институции што имаат канцеларии во урбаните области, изјави претставникот на локалната власт Ејми Палмер.

Веќе неколку дена низ САД беснеат протести заради насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициското апсење во Минеаполис. Во насилствата има мртви и повредени, а полициски час е воведен во четириесетина градови.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија