Завршни зборови на одбраната за случајот „Рекет“

Од:

Во Кривичнот суд во Скопје денеска продолжува рочиштето за предметот „Рекет“, на кое завршни зборови ќе дават одбраната на првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

По завршните зборови претседателката на судечкиот совет, судијката Васка Николовска-Масевска треба да закаже ново рочиште на кое ќе биде изнесена пресудата.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде што првпат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски-Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука).

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог