Барселона и Панатинаикос ќе играат мајсторка

Од:

Екипите на Барселона и на Панатинаикос ќе играат петти дуел во четвртфиналната пресметка од кошаркарската Евролига за да решат која од нив ќе се пласира на завршниот „Фајнл фор“ турнир.

Ова е епилогот по синоќешниот четврти натпревар на кој Барселона во Атина го победи Панатинаикос и му се реваншира за поразот на домашен терен. До конечните 70:60 Каталонците стигнаа со подобра игра во првата и третата четвртина кои ги добија со 20:10 и 20:11.

Мајсторката меѓу овие две екипи ќе се игра на теренот на Барселона.

Вечерва се играат четвртите средби од пресметките Каха Лаборал – ЦСКА Москва и Анадолу Ефес – Олимпијакос.

ЦСКА Москва и Олимпијакос водат со 2:1 во победи и со евентуален триумф ќе играат на „Фајнл фор“, во спротивно третата победа ќе се обидат да ја остварат во мајсторката на домашен терен.

Прв учесник на завршниот турнир е Реал Мадрид кој со убедливи 3:0 во победи го елиминира Макаби.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ