Експерти: Загрозено ставањето крај на пандемијата, опасна одлука на Трамп

Од:

Светските здравствени власти ја критикуваа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да престанат да ја финансираат Светската здравствена организација, наведувајќи дека со тоа се загрозуваат шансите што побрзо да се стави крај на пандемијата на коронавирусот.

Трамп вчера соопшти дека САД ги прекинува односите со СЗО и ќе ги пренасочи средствата кон други организации.

Експертите порачуваат дека се престрашени и огорчени поради најавата на американскиот претседател затоа што со тоа, како што наведуваат, не само што се одземаат ресурси на СЗО кои се потребни за водење на борбата, туку потенцијално може да се и да се поткопа меѓународната соработка на научниците, пренесува „Гардијан“.

Директорот на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и некогашен шеф на канцеларијата на ОН за Сида (УНАИДС), вирусологот Петер Пиот оценува дека прекинот на финансирањето на СЗО е „опасна, кратковидна и политички мотивирана одлука, со потенцијални последици по јавното здравје за сите земји во светот, без разлика дали се богати или сиромашни“.

– Пандемијата на Ковид-19 е најголем глобален здравствен предизвик со кој се соочило нашето општество во последните 100 години. Сега СЗО ни е потребна повеќе од кога било. Нивната техничка експертиза, насоките и лидерството им помагаат на државите да применат оптимални научно засновани стратегии за спречување и контрола на Ковид-19, што може да ни помогне во иднина, рече Пиот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп