Уапсен полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

Од:

Полицаецот кој со колена го приклешти Афроамериканецот Џорџ Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина на место, е уапсен.

Апсењето на полицаецот се случи пет денови по убиството на Флојд.

Во последните 48 часа делови од јужен Минеаполис поминаа низ 48 часа анархија.

Запалени се и вандализирани многу продавници и објекти, вчера беше запалена и полициската станица.

Протестантите на некои места употребуваа и молотови коктели, додека илјадници гневни граѓани дивееја, ограбуваа продавници и запалија повеќе автомобили и објекти во градот.

На помош на полицијата во Минеаполис денеска дојде и Националната гарда на САД.

По апсењето на полицаецот, Дерек Чавин, демонстрантите и граѓанските групи бараат задржување и на тројцата преостанати службеници кои го осигуруваа местото и не сторија ништо да се спречи убиството.

Властите во Минеаполис изјавија дека судењето на Чавин ќе биде „брзо и праведно“.

Задржувањето и убиството на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд е документирано на камера.

Афроамериканската заедница во градот и насекаде низ САД е згрозена од ова однесување на полицијата.

Протести имаше и во други градови какo Њујорк, каде полицијата се судри со толпа од над илјада луѓа на плоштадот Јунион.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата