Внукот на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг-ил веќе неколку дена не се појавува на Меѓународниот колеџ „Обединети светски колеџи“ во Мостар, каде студира.
Весникот „Слободна Далмација“ објави дека младиот Ким Хан-сол најверојатно привремено го напуштил Мостар, но дека никој не знае во кој правец.
Директорката на колеџот во Мостар, каде од септември 2011 година се школува седумнаесетгодишниот Ким Хан-сол, изјави дека не може да даде информации за ученикот.
– Тој е наш ученик како и останатите 130 во колеџот. Сметам деке не е убаво така искрено момче да биде прогнувано од медиумите. Тој воопшто не оди во Северна Кореја, тука живее, има друштво и е одличен ученик, изјави директорката за весникот.