Во локалите во Делчево угостителите ги почитуваат мерките на Министерството за здравство

Од:

Со почитување на препораките на Министерството за здравство, делчевските угостители започнаа со работа по укинувањето на полицискиот час. Тие велат дека засега дејноста ќе ја извршуваат во летните бавчи, каде согласно препораките за заштита од КОВИД-19 ќе се регулира престојот на гостите.
-Засега поради обилниот дожд имаме мал број посетители, но и оние кои решија да ги посетат локалите се придржуваат до мерките. На секоја маса имаме дезинфециенси, додека вработените исто така се придржуваат до препораките, велат угостителите.

Граѓаните кои решија да ги посетат локалите, изразија задоволство од почитувањето на препораките од страна на вработените во локалите.
-Убаво е после три месеци да се почувствува како се седи на кафе во кафе-бар. Задоволни сме што се е како што треба дистанцата се почитува, по двајца на маса пијат кафе, така што ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, истакнаа дел од гостите во делчевските локали.
Освен во кафе-баровите видно беше присуството на граѓани и во помалите кафеани и гостилници. На скара и чаша пиво најзабележителни беа пензионерите кои честеа за предвреме земената пензија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата