Спасовски: Опуштеното однесување резултира со новозаболени

Од:

Владата ја следи состојбата со новозаразените не само во Штип, туку и на ниво на цела држава. Спасовски истакна дека и денеска во Штип има зголемување на бројот на заразени, а смета дека секој од граѓаните во овие моменти треба да биде одговорен пред себе си.

-Мислам дека таа состојба дека во Штип нема заболени и нема да ни се случи на нас, предизвика многу опуштање во однесувањето, а таквото опуштање резултира со ваквиот начин. Значи и сопствениците на компаниите и вработените во компаниите и секој граѓанин треба да знае дека не може да биде изолиран или да се однесува ноншалантно, притоа да не го штити своето здравје и здравјето на граѓаните, вели Спасовски.

Забележа дека институциите прават се, носејќи одлуки, спроведуваат мерки, даваат препораки, медиумите тоа го пренесуваат и работат активно за да се сочуваат животите и здравјето на граѓаните.

-Најмалку што можат да прават граѓаните е да ги почитуваат тие мерки, да носат заштитна опрема и да имаме социјална дистанца, вели Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски

Акција на Финансиката полиција, осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски

(ВИДЕО) Спасовски: Ќе поднесеме кривична против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи

Горан Наумовски

Спасовски: Со интерпелациите власта прави дискриминација на дел од членовите во Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Спасовски: Заради пропусти на власта Пазарниот инспекторат не може да ги казнува маркетите

Катерина Ѓуровски