Цените на нафата се намалија утринава откако податоците на американската нафтена индустрија покажаа неочекуван драстичен пораст на резервите, со што се поткопуваат надежите дека почетокот на ублажувањето на рестриктивните мерки воведени поради новиот коронавирус ќе овозможи стабилен раст на побарувачката.
Цената на американската лесна нафта се намали денеска за три отсто или 98 центи, достигнувајќи 31,83 долари за барел, а претходно се спушти за дури пет проценти, на 31,14 долари за барел.
Нафтата „брент“ се намали за два отсто или за 71 цент, достигнувајќи цена од 34,03 долари за барел, по падот на 33,63 долари за барел.
Падот на цените на двата вида на нафта се продлабочи од вчера поради неизвесноста пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници на 9 јуни, поврзана со подготвеноста на Русија уште повеќе да го намали производството.