Американски војници ќе и помагаат на Колумбија во борбата против трговијата со дрога

Од:

Амбасадата на САД во Богота соопшти дека на почетокот на јуни во Колумбија ќе пристигнат американски војници кои ќе треба да и помогнат на земјата во борбата против трговијата со дрога.

Американската бригада за помош на безбедносните сили (СФАБ) во Колумбија ќе пристигне на почетокот од следниот месец, но се уште не е познато колку војници во следните четири месеци ќе помагаат во борбата против трговијата со дрога.

Според податоците на американската Канцеларија за национална политика за контрола на дрогата во Колумбија во 2019 година производството на кокаин пораснало од 879 на 951 тони, додека земјиштето на кое се одгледува коката од 208.000 хектари, колку што изнесуваше во 2018 година, лани се прошири на 212.000 хектари.

Колумбија е под постојан притисок на САД да го намали одгледувањето на кока. Колумбискиот претседател Иван Дуке најави дека годинава сака да уништи 130.000 хектари насадени со кока, што е за 30.000 хектари повеќе отколку во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија