Од наредниот месец низ скопските улици ќе бидат поставени 50 нови автобуски постојки, објави Фактор.
Поставувањето на новите автобуски постојки во Скопје доцни, бидејќи бојата на новата опрема била светла, па сега врз нив се нанесува нов потемен слој, како еден вид заштита против чкртаници.
Освен овие 50 елементи кои ќе бидат поставени во мај, ќе се постават уште 176 до крајот на годинава.