Пентагон: Русија и Турција да преземат дипломатски мерки во Либија

Од:

Русија и Турција треба да преземат дипломатски мерки и да се борат против тероризмот во Либија, изјави на прес-конференција Џонатан Хофман, официјален претставник на Пентагон.

Во меѓувреме, САД ја обвинија Москва дека ја ескалира ситуацијата на теренот со испраќање свои воени ловци во Либија.

Изјавата на Хофман доаѓа откако Африканската команда на вооружените сили на САД приложи документирани материјали за префрелни руски Миг-29 ловци во либиска авио база.

Ги замоливме сите страни инволвирани таму, како Русите, Турците и другите, да прекратат со дејствијата, истакна тој, додавајќи дека американската страна посакува Либија да стане безбедна и стабилна земја.

Од Пентагон соопштија дека Русија таму наводно испратила околу 14 воени ловци.

Претходно се објави дека Москва ги префрлила своите ловци за воздушна поддршка на руските неамници од групата „Вагнер, кои војуваат на страната на армискиот маршал Халиф Хафтар, против регуларните сили на земјата.

Обвинувањето може да одбележи ескалација на деветгодишниот конфликт, иако рускиот министер, Сергеј Лавров вчера повика на прекин на огнот и преговори за формирање на обединета управа во земјата.

Според командата, ловците на Москва биле донесени неодамна преку Сирија, каде биле префарбани за да се скрие нивното руско потекло.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас