Државниот секретар на САД, Мајк Помпео напиша на својот Твитер профил дека Хонг Конг повеќе не е автономна, по обидите од Кина повторно да ја спроведе безбедоносната легислатива.
Today, I reported to Congress that Hong Kong is no longer autonomous from China, given facts on the ground. The United States stands with the people of Hong Kong.
— Secretary Pompeo (@SecPompeo) May 27, 2020
„Денес, Јас го известив Конгресот дека Хонг Конг не е повеќе автономна од Кина, по дадените докази за ситуацијата, САД стои зад народот на Хонг Конг“, рече Помпео.
Во врска со новата кинеска легислатива, експертите од САД сметаат дека доколку истата стапи во сила, би можела да ги загрози основните човекови права на граѓаните.