Агенцијата за храна на Обединети нации предупреди дека не се реализираат хуманитарните проекти наменети за Јемен поради кризата со новиот коронавирус.
Организацијата Светска програма за храна соопшти дека итно се потребни 870 милиони долари за да се обезбеди помош за околу еден милион луѓе во Јемен во следните шест месеци.
Меѓународните организации ги намалија своите донации на почетокот од годината поради постојаните опструкции од страна на бунтовниците Хути, поради што Јемен се соочува со недостиг на храна.
Апелот за хуманитарна помош е упатен во време кога разорениот здравствен систем на Јемен се обидува да го запре ширењето на Ковид-19.
Во Јемен досега регистрирани се 249 инфицирани лица со новиот коронавирус и 49 смртни случаи, но се претпоставува дека бројот на заболени е многу поголем.