Трамп сака да ги повлече сите војници од Авганистан

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека сака да ги повлече сите американски трупи од Авганистан, но и дека се уште не поставил датум за тоа.

Трамп ја даде изјавата во услови на спекулации дека прекинувањето на војната во Авганистан ќе биде дел од неговата кампања за реизбор на претседателските избори во САД оваа есен.

– Ние сме таму 19 години, и да – мислам дека е доволно. Ние секогаш можеме да се вратиме ако сакаме, рече Трамп на прес конференција во Белата куќа.

На прашањето дали тој има цел да ги повлече трупите од Авганистан до 26 ноември, Трамп рече дека не поставил таква цел.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти