Владата го продолжи рокот на јавниот повик за продажба на акциите на Република Македонија во друштвото „11 Октомври- Еурокомпозит“ АД Прилеп.
Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија, донесен на вчерашната седница, крајниот рок за подигање на тендерската документација по овој јавен повик ќе биде до 3 јуни 2013 година, а крајниот датум за доставување понуди ќе биде на 6 јуни 2013 година до 13 часот, а отворањето на понудите ќе биде на 6 јуни 2013 во 14 часот.
Јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акции на Република Македонија во „11 Октомври -Еурокомпозит“ АД Прилеп беше објавен на 15 декември 2012 година, а крајниот рок за доставување понуди беше 18 април 2013 година.