Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

Од:

Амбасадорот на САД во Германија, Ричард Гренел, кој заминува од функцијата за да стане вршител на должноста директор на националното разузнавање на САД, за германските медиуми изјави дека Вашингтон разгледува можност за воведување нови санкции против гасоводот Северен поток – 2.

Според Гренел, претставници од сите партии во Конгресот искажале подготвеност за такви санкции.

Тој смета дека и покрај тоа што САД не влегуваат во изборен циклус и кампањи, одлуката за санкции може да биде донесена прилично брзо.

Според други германски медиуми, пак, противењето на изградбата на гасоводот од страна на САД станало причина за заострување на односите на Вашингтон не само со Русија туку и со Германија.

Инвеститори на гасоводот се повеќе крупни енергетски компании од ЕУ.

Швајцарскиот изведувач на цевководот „Олсис“ ги запрел работите и ги спуштил краевите на цевководот на дното на морето.

Но, како што се наведува, Русија има намера и без тоа да ја заврши изградбата со помош на свои пловила.

Засега, единствено што може да ја спречи се новите санкции дизајнирани специјално за тоа, заклучува Матеуш Кубјак, експерт од полската консултантска фирма „Есперус“.

Според него, под санкции можат да се најдат сите компании кои помагаат во изградбата на гасоводот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени