Започна изградбата на резервоар за вода во Белушино

Од:

Започна изградбата на резервоар за вода во селото Белушино, проект кој треба да обезбеди доволно вода за ова населено место и да ги реши сите проблеми со водоснабдувањето.

„Пак ќе повторам – резервоарот во Белушино е ветуван со децении, но еве дури денес се реализира. Ова населено место е без резервоар и се соочува со проблеми со водоснабдување, но за скоро проблемот ќе биде надминат. Се заблагодарувам на сограѓаните од ова село за нивното трпение. Конечно нивните барање се реализираат“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Како што информира Општина Крушево, изградбата на резервоарот за вода чини 2 601 900 денари, а имплементацијата е во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари