Под покровителство на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, годинава по третпат се организира фестивалот на театар и краток филм „КУЛТРА“. Фестивалот започнува денес, а ќе трае до 20 април(сабота).
Според организаторите, целта на овој фестивал е создавање креативен простор за младите и независни уметници , кои својот талент и знаење го преточуваат во нови уметнички изрази и форми на уметничка комуникација.
На отворениот повик на организаторите на фестивалот се пријавија голем број филмови од млади автори и претстави од голем број независни театри од Македонија. По извршената селекција, своето место на сцената во „Мултимедијалниот центар “ при УГД го најдоа 27 кратки филма и 3 претстави.
Проекциите започнуваат во 19 часот и 30 минути, а концептот останува ист како и претходните години: кратки филмови, кратка пауза и театарска претстава.