Фајон – Стефановиќ: Изборите во Србија да не го загрозуваат здравјето, да се намалат тензиите

Од:

Од суштинско значење е изборниот процес во Србија да не го загрозува здравјето на граѓаните, медиумите да обезбедат простор за сите политички актери и да се овозможи работата на меѓународните и домашните набљудувачи, истакна Тања Фајон, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Србија, по видео-конференциската врска со министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Фајон во пораката на Твитер наведе дека е неопходно „сите страни да ги намалат тензиите и поларизацијата на општеството во медиумите“.

На видео-средбата учествуваа и известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик и амбасадорот на ЕУ во Србија, Сем Фабрици.

Видео-конференцијата се одржа како дел од меѓупартискиот дијалог меѓу претставници на Европскиот парламент, властите во Србија, дел од опозициските партии и претставниците на граѓанските организации, чија цел е да се создадат услови за слободни и фер избори во Србија.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он