Кина покрена истрага за да утврди дали новиот вирус на птичји грип Х7Н9, од кој досега починаа 17 лица, се пренесува од човек на човек, изјави денеска претставник на кинеските здравствени власти, Фенг Зијиан.
Кинеските власти уништиле неколку илјади птици и затворија повеќе пазари со производи од живина, со цел да се успори пренесување на заразата врз луѓето.
Меѓутоа бројни аспекти на новиот вид на вирусот и натаму претставуваат мистерија за научниците, посебно прашањето дали се пренесува од човек на човек.
Кина предупреди дека бројот на заболените, кој засега изнесува 82 лица не е конечен. Повеќето од заболените и 11 смртни случаи се регистрирани во Шангај.