Сите забелешки за регуларноста на претседателските избори во Црна Гора мораат да се земат предвид, а изборните резултати мораат да бидат недвосмислено јасни, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе на седница на Европскиот парламент во Стразбур.
Тој, како што пишува подгоричкиот весник „Вијести“ истакна дека е уверен оти политичките лидери ќе ја преземат одговорноста за јакнење на институциите и довербата во нив, како и нивно ослободување од секакво влијание.
Во говорот пред европските пратеници Филе констатираше „сјаен напредок“ на Црна Гора на патот кон ЕУ, но наведе и четири предизвици, кои стојат пред земјата.
Напредувањето на Црна Гора кон Брисел првенствено зависи од реформите во областа на правосудството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и реформа на администрацијата.