ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Заев граѓаните единствено добија хибриден режим, криминал и неспособност

Од:

„СДСМ и Заев да ја сокријат својата паника се служат со лаги и манипулации. Од Бихакќа пуштаат соопштенија полни со лажни вести, но веќе не им поминуваат. СДСМ и Заев се прочитани од македонските граѓани. На следните избори македонските граѓани ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ. Се ближи крајот на оваа власт која го лажеше народот дека ќе донесе живот, дека просечната плата на Македонецот ќе биде 500 евра, ќе се изградат 500 километри автопат“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија е класифицирана како хибриден режим, благодарение на режимското владеење на Заев и СДСМ, политичкиот прогон на неистомислениците како и физичкото и телефонското следење на политичкиот противник од страна на параполициски структури. Заев и СДСМ треба да знаат дека ќе одговараат пред законот и словото на правдата. Со СДСМ и Заев граѓаните единствено добија хибриден режим, криминал и неспособност“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски