(ВИДЕО) Николовски: Со пакетот економски мерки се намалуваат трошоците на земјоделците

Од:

„Третиот пакет на економски мерки усвоен од страна на Владата предводена од СДСМ дава голема поддршка на македонското земјоделство. Веќе 5 милиони евра нови средства се на располагање на сите наши земјоделци како евтини и повилни кредити преку Развојната банка на РСМ. Ја зголемивме поддршката и за субвенционирање на трошоци за зелена нафта за механизација, односно ако минатата година ги покривавме трошоците до 30%, оваа година таа поддршка е зголемена до 50%. Тоа се 5 милиони евра за 50.000 земјоделци преку оваа мерка. Обезбедивме 50 милиони евра преку кредит на Светска банка за модернизација на македонското земјоделство, односно 50 милиони евра за модернизација на постојни и изградба на нови модерни откупно-дистрибутивни центри во повеќе региони во државата, кадешто е најголемо замјоделското производство“, вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Го ставаме во функција целокупното обработиливо земјоделско земјиште и тоа преку окрупнување, но и преку можност за продажба. Тоа значи сигурност за земјоделците и агро-бизнисмените и нови инвестиции во земјоделството. 500.000 хектари пасишта ги ставаме во функција на сточарството, преку можност за склучување на договори за долгорочен закуп на пасиштата. Исто така, имаме и нова мерка за поддршка и развој на малите семејни фарми и на малите винарии, преку грантови од 10.000 евра. Почитувани граѓани, ние продолжуваме со безрезервна поддршка на македонското земјоделство и на македонските земјоделци. Тоа значи силна поддршка за стабилизирање и раст на македонската економија“, додава тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието