ВМРО-ДПМНЕ: Словенија четири дена нема ниту еден заболен од Ковид-19, Македонија урива рекорди во регионот

Од:

„Неспособноста на Владата се повеќе се гледа. Македонија во последно деноноќие има 37 новозаболени, а Словенија 4 дена по ред нема заболен од Ковид-19. Република Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регинот. Додека во регионот државите се фалат како неколку денови немаат новозаразени, Македонија е на врвот по заразени. Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот. Освен тоа Словенија прогласи пред некое време и крај на корона кризата. Во Хрватска последното деноноќие имаат само еден новозаболен од Ковид-19“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482. Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија сеуште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација и изолација. Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев. Сето ова се должи на задоцнети и несоодветни мерки. Се поочигледно е дека Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот. Со СДСМ и Заев единствено добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери