ВИДЕО: Со канта бензин пали познат скопски ресторан во сред полициски час

Од:

Во сред полициски час, околу 3.15 часот утринава, засега непознато лице со канта бензин го пали познатиот „Опера паб“, што се наоѓа кај Националниот опера и балет.

На снимките од камерите од ресторанот јасно се гледа човек со качулка на главата како доаѓа од центарот на Скопје со канта бензин во раката. Тој ја полева со бензин терасата од надворешната страна од ресторанот, го пали и бега.


Огнот има направено голема штета и испукани се сите стакла од објектот. Дошле противпожарните екипи и лицата од обезбедувањето на локалот, но во меѓувреме пожарот сам се изгаснал.

Сопственикот на локалот вели дека не е задоволен од односот на полициските служби и дека се уште не е извршен увид. Во еден момент му било и кажано дека е подобро самиот да си поднесе тужба против непознат сторител, наместо да биде поднесена пријава за „предизвикување општа опасност“. Тој се уште чека на лице место за да види каков ќе биде епилогот.

Лицето што го запалило локалот лесно може да биде идентификувано на камерите од останатите објекти, со оглед на тоа што од насоката од која доаѓа, се наоѓаат државни институции како Јавното обвинителство и Министерството за надворешни работи. Останува отворено и прашањето како никој од полициските службеници на терен, за време на полициски час, не забележале дека по улиците се движи лице со канта бензин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски

Огромен пожар во Дака: Илјадници луѓе останаа без покрив над главата

Пожар избувна во полициската станица во Книн, делови од градот без струја

Хрватската полиција тврди: Двајца 18-годишници ја запалија зградата на „Вјесник“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар во Сината зона на самитот за климата COP30 во Бразил

Пожар во Белград: Изгоре барака, едно лице загина, полицијата и пожарникарите сè уште се на местото на настанот