Каха Лаборал и Анадолу Ефес со први четвртфинални победи

Од:

Кошаркарите на Анадолу Ефес и на Каха Лаборал се изборија за продолжување на четвртфиналната серија во Евролигата по синоќешните победи над своите противници.

Анадолу Ефес во Истанбул го совлада Олимпијакос со 83:72 и ја намали предноста на европскиот првак на 1:2 во победи. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, за 16 минути игра во поразената екипа реализира пет поени и три скокови.

До првата победа во дуелите со ЦСКА Москва стигна и Каха Лаборал која пред својата публика славеше убедлива победа со 93:72.

Четвртите дуели меѓу овие тимови на програмата се утре, повторно во Истанбул и во Виторија.

Евентуалните мајсторки ќе се играат на теренот на Олимпијакос и ЦСКА Москва.

Вечерва е натпреварот број 4 од четвртфиналната пресметка Панатинаикос – Барселона. Грчкиот тим води со 2:1 во победи и со триумф вечерва ќе обезбеди учество на „Фајнл фор“.

Во вторникот Реал со победата во Тел Авив над Макаби со 57:69 стигна до третиот триумф, а со тоа стана и првата екипа која обезбеди учество на завршниот турнир во Лондон.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ