Екипата на Лос Анџелес Лејкерс успеа да се пласира во плеј-офот од НБА лигата, откако ноќеска го победи Хјустон, а Јута загуби кај Мемфис. Покрај обезбедниот пласман „езерџиите“ го освоија и 7.место и со тоа ја избегнаа најдобрата екипа на „Запад“ Оклахома Сити.
Пау Гасол натпреварот го заврши со „трипл дабл“ – 17 поени, 20 скокови и 11 асистенции, а најефикасен беше Стив Блејк со 24 поени. Голема заслуга во победата имаше и Двајт Хауард со 16 поени и 18 скокови.
Резултати од ноќешните НБА натпревари: Торонто – Бостон 114:90, Бруклин – Детроит 103:99, Њујорк – Атланта 98:92, Шарлот – Кливленд 105:98, Мајами – Орландо 105:93, Индијана – Филаделфија 95:105, Чикаго – Вашингтон 95:92, Мемфис – Јута 86:70, Далас – Њу Орлеанс 99:87, Сан Антонио – Минесота 95:108, Оклахома Сити – Милвоки 89:95, Денвер – Феникс 118:98, ЛА Лејкерс – Хјустон 99:95 (продолжение), Сакраменто – ЛА Клиперс 108:112 и Портланд – Голден Стејт 88:99.
Пласман Источна конференција: Мајами 66-16 (победи – порази), Њујорк 54-28, Индијана 49-32, Бруклин 49-33, Чикаго 45-37, Атланта 44-38, Бостон 41-40, Милвоки 38-44,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 60-22, Сан Антонио 58-24, Денвер 57-25, ЛА Клиперс 56-26, Мемфис 56-26, Голден Стејт 47-35, ЛА Лејкерс 45-37, Хјустон 45-37,…
Во 1.коло од плеј-офот играат: Мајами – Милвоки, Њујорк – Бостон, Индијана – Атланта и Бруклин – Чикаго (Источна конфренција), Оклахома Сити – Хјустон, Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерс, Денвер – Голден Стејт и Лос Анџелес Клиперс – Мемфис (Западна конференција).
Разигрувањето за титулата почнува на 20 април, а се игра во серија подобар до четири победи.