Грција на второ место во светот на натпреварот за туризам „Сино знаме“

Од:

Меѓународната награда „Сино знаме“ оваа година ја добија 497 грчки плажи, 14 марини и шест туристички јахти, со што Грција е втора во светот меѓу 47 држави, штита на природата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 47-те земји што учествувале во програмата, Грција има 13 отсто од наградените плажи, а 94 од „Сините знамиња“ се на Халкидики.

Пред Грција е Шпанија, а трета Турција.

Во програмата „Сини знамиња“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат 33 строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетиелите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис вели дека „Сините знамиња“ оваа година имаат посебно значење за туризмот.

-Оваа година „Сините знамиња“ дополнително ја симболизираат желбата и волјата да се вратиме во нормала. Сите што работиме за грчкиот туризам, би рекол сите Грци ги поздравуваме наградите од програмата „Сините знамиња“ како еден слоган дека битката да си го вратиме живото, веќе започна, вели Теохарис.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе